October 18, 2021 12:01
Македонија

ДУИ со осуда за протестот во Тетово: Бруталноста на опозицијата не познава граници

Демократската Унија за Интеграција најостро го осудува физичкото и родовото насилство за време на вчерашниот протестен марш во Тетово.

„Политичката бруталност на албанската опозиција, изразена преку нејзината скриена рака, не познава граници, ниту болка за семејствата на починатите кои за жал ги загубија животите во трагедија што досега не сме ја доживеале. Ова е уште еден доказ за обидите на опозицијата да добијат ниски политички поени во пресрет на локалните избори“, се наведува во партиската реакција.

ДУИ ги повикува политичките опоненти, како што велат од партијата, да не си поигруваат со чувствата на граѓаните и со тоа да не ги отвораат раните на членовите на семејствата.

Од партијата на Ахмети исто така го осудуваат и вербалното родово насилство и бруталните пароли, што биле користени од страна на организаторите.

„Ја осудуваме и злоупотребата на малолетниците, кои можеа да се видат на овој протестен марш, кршејќи ги нивните права“, се наведува во соопштението во кое се додава дека истражните органи заедно со германските експерти веќе ја извршуваат нивната работа, со цел што е можно поскоро да се разјаснат причините што довеле до трагедијата.

Website https://gogoanime.be: Watch Heroman gogoanime Episode 26 gogoanime demon slayer

Website https://aniwatch.pro: Watch TO BE HERO aniwatch Episode 12 watch anime

Website https://kissanime.mx: Watch Honkai Impact 3 Animation: Chapter XI-EX kissanime Episode Full kissanime demon slayer

Website https://animeflv.uk: Watch Strike Witches: Road to Berlin (Dub) animeflv Episode 12 english dubbed anime

Forums ernieball: http://forums.ernieball.com/members/59015.html

Webtoolhub: https://www.webtoolhub.com/profile.aspx?user=42268081