June 24, 2021 18:29
Македонија

ДУИ од утре ќе се ребрендира, партијата од Мала Речица станува зелена

Демократска унија за интеграција од утре ќе стане зелена, дознава 24 Инфо од извори во партијата од Мала Речица. Иако најавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека во сабота ќе објави убави работи медиумите ја поврзаа со коалицирање со СДСМ за локалните избори, пред се со назначување на Албанец за заеднички кандидат за градоначалник на Скопје, новата плаформа на интегративците предвидува нова идеологија.

Како што велат извори од ДУИ за 24 Инфо, партијата ќе се ребрендира и ќе се декларира како партија на зелените според идеологијата оформена во западниот свет во 70-тите години на минатиот век и оттогаш партиите што практикуваат зелена политика се развија во многу земји низ светот и постигнаа одреден изборен успех.

-На 5 јуни, повторно, нашето семејство ќе излезе со платформа која првично ќе биде дискутабилна и со големи дебати како што се дебатираше за „првиот албански премиер, рече Ахмети прд два дена во Липково.

Ова на одреден начин го најави и премиерот Зоран Заев, коментирајќи ги вчера шпекулациите за заеднички кандидат за градоначелник.

-Јас ќе ви кажам тоа што го знам, а секако сум информиран од мојот прв потпретседател во Владата. ДУИ има убава работа да соопшти в сабота. Убава е затоа што е во целосна корелација со работењето на Владата, убава е затоа што е модерна, соодветна на 21 век, и мене ме бендисува тоа што вака се размислува во највисоките органи и тела на ДУИ. Ќе оставам тоа да го соопшти ДУИ, тоа е нивна агенда, споделена со нас нормално и во неа се препознаени голем број од државните политики. Верувам сето тоа е во духот на унапредувањето на севкупниот политички амбиент во државата. Еве ние во СДСМ направивме сериозни промени, непосредни избори, 50 проценти жени и мажи, поголема застапеност на младите и слично.  Тоа ДУИ што го прави е освежување убава работа, рече Заев.

Ова секако претставува голема промена за националистичка партија оформена по воениот конфликт во 2001 година. Зелените партии се сметаат за алтернатива на класичните политички идеи како што се социјализмот, либерализмот и конзервативизмот, додека поддржувачите на традиционалните политички идеи имаат навика да гледаат на зелените како една од нивните варијации. Зелените партии, од друга страна, се претежно ставени меѓу политичката левица, претходно обично радикална од онаа поврзана со социјалдемократските партии, додека денес тие се поумерени и ставени во левиот центар.

 

Поврзани вести

Радев: Нема да кажеме „да“ се додека Македонија ја краде бугарската историја

Igor

Десет нови случаи на Ковид-19, починаа три лица

Igor

Рама: Се надевам нема да побараат да се викате „Западна Бугарија“

Igor

https://wcostream.cc anime stream. Ano Natsu de Matteru: Bokutachi wa Koukou Saigo no Natsu wo Sugoshinagara, Ano Natsu de Matteiru. (https://wcostream.cc/m/amZm) Episode Full

GogoAnime Watch anime online, English anime online - Gogoanime. Watch Mahoromatic 2 End Year Special Episode Full

AnimeHeaven Watch english anime Online in HD for FREE. Watch Ben-To (Dub) Episode 12