October 30, 2020 23:29
Македонија

ДУИ не знаела дека СДСМ цел закон за употреба на јазиците ќе го испрати на Венецијанската комисија

Во вечерашното гостување на Топ Тема пратеникот Артан Груби откри дека ДУИ знаела дека пред Венецијанската комисија бил испратен целиот закон. ДУИ очекувала да бидат испратени само делови од законот, вели тој, додавајќи дека пракса на Венецијанската комисија е да се носат законите пред да бидат усвоени а не откако ќе бидат донесени.

Во владата договорот беше за три точки, парите, хартиите од вредност и униформите, тоа е член 8 параграф 1 или 2 ако не се лажам, кој што се тргна од предлог законот кој што се усвои во влада и после дојде во Собрание. Не сме согласни целиот закон да се разгледува од Венецијанската комисија затоа што законот всушност одредува материја од Охридскиот рамковен договор и го заокружува нормативниот дел. И затоа што се виде дека целото општество доби од усвојувањето на законот,

рече Груби.

Соња Мираковска пак вели дека тие знаеле дека договорот бил од самиот почеток целиот закон да биде испратен пред комисијата.

Се договоривме ќе го донесеме и законот ќе биде даден пред Венецијанската комисија за да може да добиеме експертско мислење што во тој закон сметаат дали нешто не е во ред или сметаат дека вака е во ред. Па ние се консултираме со Венецијанска комисија за се што значи, за законот за судии, дури имаме и цели одредби од Венецијанската комисија кои станале одредби од законот. Така да не гледам никаков проблем зошто Венецијанската комисија не би дала мислење по овој закон, оцени Мираковска

Целиот текст прегледајте го на  Телма