June 25, 2022 22:43
Македонија

ДС: Полицискиот разговор со новинарката Делевска му припаѓа на времето на режимот

Демократскиот сојуз го осудува повикувањето на полициски разговор поради напишан текст на новинарката Соња Делевска од порталот „Сакам да кажам” и го повикува министерот за внатрешни работи да преземе мерки и да ги санкционира одговорните лица кои го одобриле и спровеле овој чин.

Повикувањето новинари на полициски разговор поради напишан текст кој не претставува кривично дело кое се гони по службена должност, туку спаѓа во доменот на граѓанската одговорност за клевета и навреда, претставува грубо кршење на слободата на медиумите и обид за цензура.

Ваквите постапки на заплашување на новинарите и грубо мешање во уредувачката политика на медиумите му припаѓаат на едно минато време кога со Македонија владееше режим и треба да останат во минатото.

Демократскиот сојуз ги повикува носителите на државни и јавни функции да покажат висок степен на толеранција кон медиумите и новинарите кои критички ја опсервираат нивната работа и да не преземаат чекори за наводна заштита на нивниот углед и интегритет кои ја задушуваат слободата на медиумите.

đăng ký go88 go88 ơ myanmar go88 phiên bản mới nhất

sunwin live sunwin energy systems gmbh sunwin trên ios