Македонија

ДР.Ѓорески: Постои нова метода за третман на миоми на матка без операција

Интервентната Радиологија е подгранка на Клиничката Радиологија која се занимава со минимално инвазивни дијагностички и интервентни процедури. Во поново време во современата медицина минимално инвазините техники на лекување се во значителна експанзија па така оваа гранка доживува огромен подем од ден во ден. Во Македонија интервентната радиологија е многу млада, само неколку години,а ја има во ГОБ 8-ми септември и почнува со поставување на апаратот за ангиографија на одделот за радиологија во 2015г. Со ова практично почнува и една нова ера на т.н висцерални емболизаци, или народски значи затварање или запушување на патолошки или болни крвни садови во телото по минимално инвазивен пат. Доктор Александар Ѓорески е прв лекар во Македонија кој ја прави интервенцијата емболизација на миом на матка и за 24 инфо вели дека ова за Македонките значи нов почеток на нехируршко третитање на миомите на матка.

Со само мала инцизија на кожата на препоната или на раката можеме со катетер да влеземе во скоро сите органи во телото и да третираме најразлични заболувања а престојот во болница е еден или неколку дена.

Во Македонија Интервентна Радиологија има само на 2 места, на Универзитетскиот Институт за Радиологија каде повеќе се третираат мозочни аневризми и се она што е поврзано со интракранијална васкуларна патологија и во нашата болница (Г.О.Б “8ми Септември”) на Одделот за Дијагностичка и Интервентна Радиологија каде се работат и васкуларни и неваскуларни интервентни методи кои се поврзани со болести на повеќе органи и системи.Од васкуларни интервенции се (третман на крвни садови – балон дилатација и стентирање на сите артерии и вени освен на срце / (тоа го прават кардиолозите), понатаму емболизации на тумори на црн дроб , бубрези, матка , простата , белодробни емболизации , поставување на субкутани венски портови за хемотерапија, ТИПС кај пц. со портална хипертензија итн.) П.С. повеќето од овие набројани процедури се работат ексклузивно на нашиот оддел и на ниту едно друго место во државата, ни во приватно здраство!

Во Македонија интервентната радиологија е многу млада,постои  само неколку години а во мојата болница васкуларната интервентна почнува со поставување на апаратот за ангиографија на одделот за радиологија во 2015г.

– Што значи емболизација народски и на кои се органи може да се направи?

Емболизација народски значи затварање или запушување на патолошки или ако може да кажам “болни” крвни садови во телото по минимално инвазивен пат.Во текот на емболизацијата внесуваме најразлични агенси дирекно во крвниот сад преку катетер или микрокатетер како на пр.(лекови, цитостатици, средства за затварање на крвните садови од најразлични биолошки материјали кои може да бидат ресорптивни или трајни во зависност од потребата итн).

Емболизација може да се прави на многу органи доколку за тоа има потреба : На поширени крвни садови во мозокот или во абдоменот- аневризми, понатаму на тумори на црн дроб, на миом на матка,кај аденом на простата, емболизации правиме и кај акутни крварења од горно или долнодигестивен тракт како ургентни процедури итн.

– Дали отстранувањето на миоми на класичен начин сега станува минато и што значи за жените новата метода?

-Емболизацијата на миоми на матка во светот се практикува веќе 20тина години наназад а кај нас од 2016г. Јас оваа техника имав можност да ја научам во Швајцарија, кај еден од најеминентните стручњаци за емболизација во Европа, Проф. Др. Кристоф Бинкерт, за време на еден од моите многубројни престои во старнство кога станува збор за Интервентна Радиологија. Се работи за исклучително елегантна и неинвазивна техника на лекување на миомите кои се чест проблем кај женската популација. Она што е различно од хируршкиот начин на лекување е тоа дека во случајов жената ја сочувува својата матка како орган а само миомите се предмет на емболизација.Матката е исклучително важен орган кај жената не само за носење на плодот за верме на бременост туку и за одржување на хормоналната хомеостаза во организмот. Се разбира дека ваквиот начин на лекување на миомите не значи и дефинитивно крај за хируршките методи како што се миомектомија или хистеректомија бидејки и таму понекогаш може да се направи т.н. лапароскопска операција што на некој начин е помалку инвазивна но сепак е операција.

Колку за информација во Америка на годишно ниво се прават околу 180-200.000 хистеректомии а во Англија околу 30.000 вакви операции заради миом на матка.Хистеректомијата или комплетно одстранување на матката е најчеста операција која гинеколозите ја нудат на пациентките најчесто заради големината и локализацијата на самиот миом.

– Како се изведува интервенцијата, колку време му треба на пациентот да се врати во нормален живот?

Емболизацијата на миом најчесто се изведува преку феморална а некогаш во поново време ја правиме и преку радијалната артерија. Целокупната постапка се изведува со давање на само неколку мл. локален анестетик поткожно на препоната или на кожата над рачниот зглоб , односно на местото на пункција. Станува збор за комплетно безбедна и релативно безболна процедура. Најпрво се влегува во левата а потоа во десната утерина артерија со мал катетер од само неколку мм. и преку него се инјектираат фини партикли кои имаат за цел да го успорат протокот во самиот миом и со тоа да предизвикаат негова некроза, односно умртвување.

Една од главните придобивки на ваквата процедура е брзиот опоравок и враќање на нормалните животни и физички активности на пациентките.Ова е многу важен момент во западниот свет но полека станува и кај нас бидејки се почесто прашање кое го добивам од пациентките за време на моите консултации е токму “КОГА МОЖАМ  НАЈБРЗО ДА СЕ ВРАТАМ НА РАБОТА??”, што за мене е многу важно.Пациентките остануваат во болница само една вечер!!!

Тоа значи дека за само неколку дена, најцесто 5-7, а понекогаш и до 10тина дена макс. жената може да се врати на комплетно нормален живот од секаков аспект.

Главните тегоби од емболизацијата се јавуваат непосредно постпроцедуралнo, тоа значи истиот ден попладне и во наредните денови а се презентираат со болка во долниот дел од стомакот, благо покачена телесна температура, некогаш гадење и вртоглавица. За сето ова се потребни лекови од типот на благи аналгетици и антипиретици со кои се купираат симптомите.

Самата интервенција трае околу 1 час вкупно, некогаш може пократко а некогаш и подолго што зависи најмногу од големината на миомот и од поставеноста на крвните садови кај пациентката.

– Колку интервенции до сега се направени од ваша страна и која била најкомплицираната?

Досега кај на се направи 30тина вакви интервенции, и она на што сум многу горд е ефикасноста и успехот од процедурата. Имено, кај повекје од  90% од пациентките имаме постигнато комплетна емболизација на миомот и целосно повлекување на симптомите кои ги предизвикува а тоа се: пролонгирани и обилни вагинални и менструални крварења пропратени со анемија ( Често овие жени ќе ви кажат дека постојано се на терапија со препарати на железо), имаат низок хемоглобин, болки во стомакот, чуство на надуеност, зачестени позиви за мокрење итн.

Досега немаме ниту една сериозна компликација, а и онака во литературата компликации се многу ретки.

– Колку оваа постапка ја има во реегионот и каде се се работи?

Јас имам голема соработка со центрите за интервентна радиологија во околните земји и можам да кажам дека не во многу земји од насето соседство ја има оваа процедура. Во Загреб прават емболизација на миоми и таму интервенцијата цини околу 5000 – 6000 евра. Морам да бидам искрен и да казам дека од техницки аспект за нас како интервентни радиолози емболизацијата на миом не претставува посебно комплицирана интервенција, бидејки правиме и многу послозени процедури. Се разбира овде имаме работа понекогасх и со многу млади пациентки и зени кои немаат други болести и се мора да биде на највисоко мозно ниво.

Во земјава ексклузивно се работи на вашиот оддел. Колку народот знае дека ја работите и колкав тим е потребен за неа?

Околу информираноста на јавноста односно на пациентките за тоа дека всушност емболизацијата на миомите постои и во Македонија не сум бас најзадоволен.

Мислам дека најголем број на пациенти, као што е секаде на запад треба да бидат испратени за емболизација од матичните или пред се од клиничките гинеколози. Гинеколошкиот преглед, прегледот со спекулум како и вагиналниот преглед се работа на гинекологот.Пред да биде жената упатена на ваква процедура треба да се исклучат и други пропратни гинеколошки абнормалности, не се сите кандидати за емболизација.

Ова е тимска работа, особено што ние како интервентни радиолози немаме своја редовна амбуланта. Ниту јас а ниту гинекологот сам не треба да носи дефинитивна одлука околу третманот на ваквата медициснка состојба.Онаму каде што постојат индикации за тоа треба да биде понудена како опција и емболизацијата и пациентката да дојде на разговор кај интервентен радиолог во терминот предвиден за консултации.

На мое големо разочарување гледам дека голем дел од гинеколошката јавност не е нити запознаена со ваквата техника на лекување или оние кои знаат се однапред скептицни. И тоа го разбирам бидејки се сто е ново во една средина секогаш предизвикува сомнеж, но за се треба време. Ние имаме досега воведено неколку интервенции за првпат во нашето здраство тако што текот на настаните не ми е непознат,ниту пак ме изненадува но сепак сум оптимист.Сигурен сум дека во иднина се повеќе ќе имаме пациенти испратени од страна на гинеколозите ако не друго заради нашите резултати.

Валентина Ангеловска

фото: Слободан Ѓуриќ

Нови вести

Сентаор Риш: Очекувам ратификација на Протоколот за НАТО во јуни

Daniela

Земјотрес почувствуван во околината на Берово и Пехчево

Daniela

Во хируршкото одделение во Струга заболени девет здравствени работници од морбили

Daniela