August 15, 2022 18:59
Македонија

Држењето во тајност на францускиот предлог е фијаско и одговорност за ова треба да има

Секој предлог може да се видоизмени, но не е точно дека Владите не се запознаени со предлозите, особено не премиерот и министерот за надворешни работи. Тие секогаш ги знаат во најмала рака главите контури на некој предлог, вели членот на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во вечерашното гостување во емисијата „24 Отворено“ на Телевизија 24.

„Владата направи комплетна една голема тајност и од јавноста и од пратениците за овој француски предлог и за двостраниот договор кој се потпишува како протокол помеѓу Македонија и Бугарија што е вид на анекс на договорот за добрососедство“, рече Милошоски.

Милошоски додаде дека неколку дена ја слуша тезата на Власта односно на Ковачевски и Бујар Османи и другите претставници од надворешната политика дека тие до последен момент го немале на увид францускиот предлог.

„Не знам што е по трагично, да бидете искрен и да кажете го имавме на увид и проценивме дека не е време да го дебатираме во јавност или е уште по голема не компетентноста ако кажете дека до последен ден ние го немавме на увид. Тоа не е можно“, кажа Милошоски.

Милошоски потенцираше на тоа Ковачевски да ги даде записниците од 18-ти мај кога имаа телефонски разговор со Макрон. Исто така нека ги даде Бујар Османи записниците од 13,14,15-ти јуни кога има разговори со Генчовска на ниво на МВР и тогаш ќе видиме ние за што се разговарало. Тогаш ќе видиме дека македонската страна дала свој придонес во обликувањето на ваквиот предлог.

„Според развојот на настаните проценката на Владата била дека доколку францускиот предлог го држат во тајност ќе постигнат поголем успех. Но според мене ова е дипломатско фијаско и одговорност за ова треба да има“, заклучи Милошоски

sunwin.apk mới nhất sunwin apk tải sunwin apk

sunwin web

tải sunwin apk game sunwin sunwin.apk mới nhất

game sunwin sunwin web tải sunwin

sunwin