January 21, 2019 23:52
Македонија

Државниот врв на традиционален божикен ручек кај г.г.Стефан

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан по повод божиќните празници и својот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан, денеска ќе приреди традиционален божикен ручек за државниот врв.

На божикната трпеза се поканети претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Божиќниот ручек традиционално се одржува во резиденцијата на архиепископот г.г. Стефан, а ќе присуствуваат и дел од членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА.

Related posts

Мицкоски денес оствари средба со партиите од Коалицијата За Подобра Македонија

24news

„Зборувајте како човек,не тресете се”рече претседателот на Уставен суд на негов колега

24info

ПЕТ ПРАТЕНИЦИ ОД ВЛАСТА, ЗИЈАДИН СЕЛА И АФРИМ ГАШИ НЕ ГЛАСАА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ

24news