March 1, 2021 10:19
Македонија

Државата ќе гради пет згради со комерцијални станови во Охрид, Битола и Скопје

– АД за стопанисување со станбен и деловен простор за годинава најавува активности за изградба на пет згради со комерцијални станови во Охрид, Битола и во Скопје,  како и изградба на уште четири нови социјални згради во Пехчево, Дебар, Сарај и Кочани. Во план се и преговори со Централно европската банка за поддршка на нов проект.

-Интензивно работиме на нови комерцијални градби кои ќе ги понудиме по нормални цени на заинтересираните граѓани. Оваа година не очекуваат активности за неколку комерцијални згради, во Охрид и Битола по две, една поголема локација во Скопје во делот на Јужен Булевар. Интензивно работиме паралелно со социјалните и комерцијалните згради да ги донесеме на задоволително ниво, изјави директорот на АДССДП Кристијан Трајковски, по денешната средба со министерот за транспорт Благој Бочварски.

На средбата ја договарале динамиката на изградба на новите згради за социјално ранливите категории граѓани и ги разгледувале потенцијалните нови локации за градба.

Според Трајковски, има интерес за комерцијалните градби на државата и таа нуди станови по конкурентни цени.

-АД е регулатор на пазарот на цените на сите комерцијани објекти што се градат. Во Општина  Аеродром кај двете комерцијални згради почетната цена на наддавањето беше 850 евра. На последната продажба  на зградата во Аеродром во тек на ископот на почетокот на градбата се продадоа 46 од вкупно 50  станбени единици што зборува доволно за интересот на граѓаните за купување станови преку АД за стопанисување со станбен и деловен простор. Цената од 850 евра согласно постапката и Правилнкот по кој се продаваат овие станови порасна до 1050 евра што и тоа како е конкурентна во однос на цената на приватните инвеститори, рече Трајковски.

Цените, прецизираше, зависат од лицитацииите, но нашата понудена цена ќе биде реална согласно со можностите на граѓаните.

Од градбите за ранливите категории се очекува во Велес многу бргу изведувачот да биде воведен во работа и да почне изградбата на зграда со 29 станбени единици. При крај се постапките за планираните  објекти во Сарај и се очекува за недела – две да биде склучен договор со изведувачот,  во постапка е изборот на изведувач за Кочани, а неделава треба да заврши евалуацијата за Пехчево и да се склучи договор.

– Очекуваме дека од оваа година ќе почнеме преговори со Централната европска банка ЦЕП на некој начин да обезбедиме нов проект со нови локации. На средбата со министерот меѓу другото разговаравме да обезбедиме и нови локации каде ќе се градат социјални станови, изјави Трајковски.

Министерот Бочварски информираше дека за оваа година од буџетот на Министерството за транспорт и врски проектирани се 134 милиони денари за изградба на социјални згради.

Со Трајковски за оваа година договориле динамика на изградба на уште четири нови згради со вкупно 173 станови за Пехчево, Дебар, во Сарај и во Кочани, а дополнително, како што рече, се подготвуваат и проекти во други општини.

Во овој сегмент од капиталните проекти, потенцираше ресорниот министер, сме убедливо најдобри, бидејќи секоја година ги искористуваме сите средства што се на располагање во Буџетот.

-Наша обврска е да создаваме услови сите овие лица да добијат кров над глава, сигурност и подобри услови за живот. И заради тоа интензивно работиме на мерки и политики кои влијаат на подобрување на социјалната положба на ранливите категории.  За овие години наназад, од држава во која ранливите групи беа на маргините на општеството, успеваме да го повратиме достоинството на граѓани и да обезбедиме низа мерки меѓу кои и решавање на станбеното прашање, изјави Бочварски.

На терен во тек е изградба на 574 станови во седум општини.  Во Пробиштип  се градат 48 станови, во Неготино  62, Виница 36, Свети Николе 48, Бутел  312, Демир Капија 16, а во Гевгелија  52 станови.

Kaguya-sama: Love is War Season 2 Episode 12 at AnimePlanet anime planet food wars

Haikyuu!!: To the Top 2nd Season (https://crunchyrollfree.com/m/VEMl) Episode 12 at Crunchyroll free vrv account