Македонија

Државата ќе биде одговорна секое дете да има дигитален учебник

Секое училиште ќе има обврска да обезбеди потребната количина ИТ уреди (таблет компјутери) кои ќе даваат на користење на учениците кои во своите домови немаат услови, односно не поседуваат електронски уред за употреба на дигиталните учебници, одговараат од Министерството за образование на критиките дека немаат сите пристап до електронски уред.

-Ова значи дека државата ќе биде одговорна секое дете да има пристап до уред.
Согласно податоците со кои располага МОН добиени од училиштата, над 90% од учениците во моментов се вклучени во онлајн настава, а недостигот на електронски уред е предизвик за околу 4000 ученици од сите одделенија. Ова е 10 кратно намалена бројка од првичните проценки за број на ученици кои немаат електронски уреди од почетокот на учебната година. Оваа бројка ќе ја сведеме на нула за многу кратко време.
Заштедата на средства по основ на печатење на учебници, ќе се реалоцира за поддршка на општините за набавка на електронски уреди токму за овие ученици, односно за учениците од социјално загрозени семејства.
Учениците од прво до трето одделение секако ќе добиваат хартиени учебници, бидејќи токму тоа е период во кој децата го развиваат односот кон книгата.
Доколу од било кои причини некој ученик не е во можност да ги користи електронските учебници, училиштата имаат должност да ги испечатат и во хартиена форма да им ги доделат. Материјалите за учење ќе му бидат достапни на секој ученик, велат од министерството.

Учениците може и самостојно да си печатат дел од материјалите или цели книги доколку тоа го сакаат.

Авторските права сега се МОН и секој може да печати делови или целосно според своја желба.

AniWatch dubbed anime: Jujutsu Kaisen (TV) (Dub) (https://aniwatch.pro/m/6g6N) Episode 20

KissAnime vinland saga kissanime: My Hero Academia Episode 13