October 25, 2020 15:13
Хроника

Дрвократци нападнале полициски службеници во атар на село Степанци 

 Синоќа околу 20.00 часот на стариот пат село Извор – Прилеп, атар на село Степанци, група на граѓани кои вршеле безправна сеча на огревни дрва ја нападнале полициската патрола од пет полициски службеници од Полициското одделение – Чашка.

Како што информира  Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, досега се приведени четири лица.

-Се работи на расчистување на случајот,информира Додевски.