November 27, 2021 02:40
Култура

Драмскиот театар ќе изврши привремена санација на покривот, претстави ќе се играат само на малата сцена

Драмски театар во Скопје информира дека поради протекувањето на покривот, ќе се обиде да изврши привремена санација на местата каде што протекува, а во меѓувреме театарот ќе продолжи со проби. Претстави ќе може да се играат само на малата сцена во театарот.

– По темелна проверка на целокупната документација за санација на покривот направена во 2018 година и разговор и консултација со тогашниот технички директор, констатирано е следното: Заменета е целокупната покривна површина на теaтарот освен страничните ѕидови на кулата. Во договорот склучен со фирмата која е изведувач на санацијата на покривот, стои гарантен рок од 12 месеци, соопштија од Драмскиот театар.

Драмски театар Скопје информира дека ќе се обиде да изврши привремена санација на местата каде што протекува.

Сепак, како што се посочува во соопштението, за подолготрајно решение потребен е поголем градежен зафат со целосна реконструкција, а не санација, за што се потребни поголеми финансиски средства.

– Додека не се заврши привремената санација театарот ќе продолжи со проби, а претстави ќе може да се играат само на малата сцена во театарот, соопштија од театарот.

AnimeTV Watch english anime Online in HD for FREE

AnimeDao Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Watch anime online for free at 4Anime 4anime online

Shin Tetsujin 28 (Dub) (https://twistmoe.net/m/gn2) Episode 51

ANIMEFLIX: Tonari no Kaibutsu-kun: Tonari no Gokudou-kun anime episode Full online free at https://animeflix.nl watch anime dub