June 16, 2021 16:45
Балкан

Драма кај Белград: Се преврте воен камион, испадна ракета

Сообраќајот на дел од белградската обиколница во правец кон Остружница е во прекин откако воен камион излета од патот и се превртел. Од камионот испаднала една ракета.

Камионот превезувал три ракети на против-воздушнот оклопен систем „Панцир С1“ со боеви глави, а екипажот одел на вежба.

Тројца војници, кои биле во возилото, побарале медицинска помош поради здобиените повреди.

Српското Министерство за одбрана потврди дека несреќата се случила утрово и дека во тек е увид на местото на настанот.

Засега не се познати причините зошто возилото се лизнало од патот.

AniWatch watch anime: Watch Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? Episode 4 (https://aniwatch.pro/m/eMMz/ep-4)

4Anime 4anime one piece: The Promised Neverland Season 2 Episode 11