Хроника

Драма во црква во Бутел: Момче си ги исекло вените во тоалетот

Момче од Скопје се обидело да се убие, попладнево во црква во населбата Бутел, дознава 24 Инфо.

Инцидентот го потврдија од МВР од каде информираат дека станува збор за И.Д.(22), кој бил пренсен на Ургентиот центар на Клиникта „Мајка Тереза“.

Според очевидци, немилиот настан се случил пред 17 часот во еден од тоалетите во новата црква „Раѓање на Свети Јован Крстител“, кој беше отворена минатиот месец.

Момчето кое имало нож влегло во тоалетот по што почнало да се боде по вратот и да си ги сече вените на рацете. Луѓето што биле во црквата виделе што се случува и повикале полиција.

Кога дошле полицајците го затекнале момчето целото облеано во крв, по што веднаш со возило на Итната помош било пренесено во болница.

Засега нема информаии за здравствената состојба на момчето, ниту за мотивите да псегне по својот живот.

 

Поврзани вести

Седум починати и 89 нови случаи од ковид 19

Valentina

Лукаревска позитивна на ковид 19

Valentina

Чаир со двојно повеќе заболени од завчера, Бутел му се доближува на Сарај

Igor