June 24, 2021 19:57
Балкан

Драма во Тирана: Маж се обиде да се запали

40-годишен маж се обиде да се запали денес во Тирана за време на молитвата по повод почетокот на Курбан Бајрам, соопшти албанската полиција.

Како што се наведува, маж идентификуван под иницијалите Б. Г. се испрскал со бензин и влегол на плоштадот Скендербег.

Муслиманските верници кои се молеле на плоштадот го запреле, по што полицијата го одвела, пренесуваат агенциите.

Полицијата ги испитува мотивите за неговото дело, а муслиманската заедница во Албанија тврди дека тој не е муслиман верник и дека може да биде психички болен.

Илјадници муслимански верници се собраа денес во центарот на Тирана за да се помолат на празникот Рамазан Бајрам.

AnimeDao anime sites: Watch My Hero Academia 2 (Dub) Episode 20 (https://animedao.nl/m/PoM4/ep-20)

AnimeFreak animefreak one piece: Watch Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!! Episode 3 (https://animefreak.ws/m/Gdwr/ep-3)