June 24, 2021 17:49
Хроника

Драма во Илинден: Лажни полицајци сакале да ограбат куќа, па едниот бил прободен со нож

Вистинска драма се случувала ноќеска во скопската населба Илинден, дознава 24 Инфо. Лажни полицајци упаднале во една од куќите за да ја ограбат, по што биле тепани домаќините, но и тие возвратиле.

Според информации до кои дојде 24 Инфо, разбојниците биле маскирани во полицајци за да жртвите им ја отворат врата. Откако влегле внатре ги нападнале домаќините. Разбојниците ѝ го скршиле носот на бабата, а тепан бил и нејзиниот син и внукот. Сепак внукот успеал да земе нож и да прободе еден од арамиите.

Од МВР потврдија дека се случил инцидент.

-На 17.05.2021 полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.В.(21), П.Ѓ.(19) и С.М.(26), сите од нас.Илинден, постапувајќи по пријава според која во 01.45 часот, заедно со Н.П.(26), со употреба на сила влегле во домот З.П.(52) во нас. Илинден, почнале да ја оштетуваат покуќнината и физички ги нападнале З.П., К.П. и Л.П.. Според пријавеното, З.П. во самоодбрана со остар предмет го повредил Н.П., кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, a З.П., К.П. и Л.П. биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Како што стои во пријавата, причина за нападот е наводен долг на К.П. кон напаѓачите. Пријавените лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од МВР.

AniWatch aniwatch: Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime Episode 5 (https://aniwatch.pro/m/1kDw/ep-5)

AnimeDao death note animedao: Watch My Hero Academia 5 (Dub) Episode 6 (https://animedao.nl/m/Oq9N/ep-6)