December 5, 2021 11:20
Македонија

До 17 часот излезноста на локалните избори е 41,50%

До 17 часот излезноста на локалните избори е 41,50% во целата земја.

До овој момент гласале 156.365 од вкупно 1.824.864 гласачи на избирачкиот список.
Во општина Аеродром излегле 39,74% од запишаните гласачи, во Бутел 40,03%, во Гази Баба – 37,08%.

Во Карпош до 17часот 43,06% граѓани го оствариле правото на глас, во Кисела Вода 41,04%, во Сопиште 43,07%, додека пак во општина Центар излегле 39,66% од граѓаните.

Излезноста во Шуто Оризари е 25,91%, а во Ѓорче Петров 39,36%.

Низ Македонија, пак, највисока излезеност има во Демир Капија 78,10%, Лозово 69,17% Крушево 68,75% Прилеп 53,36%.

Најмала излезност на денешниве избори, до 17 часот, според податоците од ДИК има во Шуто Оризари.