June 26, 2019 20:29
Култура

До 15 јануари конкурс за „Роман на годината”

Крајниот рок на конкурсот за наградата „Роман на годината” е 15 јануари до кога романите што ќе конкурираат треба да се доставуваат во читалницата „Славко Јаневски” во Центар и во Културно-информативниот центар на Град Скопје (КИЦ).

Романите може да се поднесуваат секој работен ден. Се пријавуваат пет примероци од романот или се праќаат по пошта на адреса: Фондација „Славко Јаневски”, бул. „Кузман Јосифовски Питу” бр. 19-40-6, 1000 Скопје.

Од 1999 година изборот за наградата „Роман на годината” го организираше редакцијата на  „Утрински весник”, а по неговото згаснување од лани  континуитетот на наградата го зачува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски”.

Оваа година организирањето на изборот и доделувањето на наградата „Роман на годината” одбележува 20-годишен јубилеј.

Нови вести

ДЛУМ ќе организира изложби во „Галерија 8″ во чаршија

zane

Трет Меѓународен ликовен симпозиум „Струга 2019″

zane

Вечерашниот концерт на „Скопско лето” преместен во Музејот на македонската борба

Valentina