October 22, 2021 14:01
Економија

До утре пријавување за учество на 40. сесија на Клубот на истражувачи на Народната банка

На 40. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка што ќе се одржи задутре преку видеоконференциска врска ќе бидат презентирани трудовите: „Продуктивност и излез на фирмите за време на ковид-19: Анализа од повеќе земји”, од Силвија Муци, Филип Јолевски, Кохеи Уеда и Доменико Виганола и „Анализа на онлајн работните места и побарувачката на занимања и вештини во Република Северна Македонија”, од Александар Костадинов. По презентирањето на трудовите e предвидена дискусија.

Народната банка потсетува дека е објавен повик до сите истражувачи коишто се заинтересирани да учествуваат  на сесијата да се пријават на е-адресата: [email protected], најдоцна до утре – 15 септември 2021 година (среда).

-Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето, наведува НБ во соопштение.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

Website https://animeheaven.pro: Watch Ikoku Irokoi Romantan animeheaven Episode 2 dr stone anime heaven

Watch My Hero Academia: Make It! Do-or-Die Survival Training Episode 2

Website https://twistmoe.net: Watch Haiyore! Nyaruko-san: Yasashii Teki no Shitome-kata twistmoe Episode Full anime online

Website https://animetv.cc: Watch Little Door Gods animetv Episode Full free anime tv shows online

Knowyourmeme: https://knowyourmeme.com/users/gogoanimelol

Roomstyler: https://roomstyler.com/users/animeflixnl