June 28, 2022 14:20
Македонија

До РКЕ пристигнаа првите барања од енергетските компании за цената на електричната енергија

До Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) пристигнаа првите барања од енергетсктие компании за цената на електричната енергија што треба да важи после 1 јули на регулираниот пазар. Досега барање до РКЕ имаат доставено Електродистрибуција за дистрибуција на електрична енергија, МЕМО за вршење на дејност организирање и управување со пазарот на електрична енергија и ЕВН Хоум.

-Овие барања пристигнаа во четвртокот. Ги анализираме и кога ќе имаме точни податоци од тоа која компанија што бара веднаш ќе ја информираме јавноста. Она што веќе е сигурно и се знае е дека Електродистрибуција ја има завршено годината со 40-ина милиони евра загуба. Исто така и ЕВН Хоум ја има завршено годината со помеѓу 25 и 30 милиони евра загуба. Кога ќе ги добиеме податоците за МЕПСО ќе информираме и за МЕПСО, рече Бислимоски во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Нагласи дека во процесот на формирање на цената најголемо влијание ќе има набавката пред се на загубите на електрична енергија во преносната и во дистрибутивната мрежа.

-Кога ја носевме последната одлука калкулиравме со цена од 143 евра за мегават час надевајќи се дека ќе имаме стабилизирање на пазарот на електрична енергија. За жал, тоа не се случи и оние податоци што ги имаме денес на Унгарската берза предвидувањата за цените за јуни се 236 евра за мегават час, за третиот квартал од годинава 257 евра и за цела 2023 година 240 евра за мегават час, рече Бислимоски и додаде дека загубите на електрична енергија на Електродистрибуција од март до јуни ги обезбедува ЕСМ по цена од 143 евра за мегават час.

ЕСМ, додаде, ги обезбедува и загубите во преносната мрежа.

-ЕСМ презема сериозен товар за да ги обезбеди овие загуби на електрична енергија по цена која што е далеку пониска од пазарната се со цел да се избегне зголемување на цената на електричната енергија. Дополнително, најголемо сериозно влијание врз цената ќе има тендерот за набавка на електрична енергија којшто треба да го организира ЕВН Хоум во јуни. Вообичаено на овој тендер се јавува ЕСМ и за првите шест месеци цената по која што ја обезбедува оваа електрична енергија е 41 евро за мегават час што е шест пати пониска од реалната пазарна цена, истакна Бислимоски.

Рече дека не е оптимист дека ќе има намалување на цените на електричната енергија под 200 евра за мегават час не само на регионалната берза, туку и на останатите европски берзи и додаде дека тоа ќе прави сериозен притисок на македонските компании кои се на слободниот пазар на електрична енергија.

Посочи дека ЕСМ во целост ги исполни своите обврски кон ЕВН Хоум во изминатите четири месеци по носењето на одлуката за цената на електричната енергија во декември со која што беше предвидено 100 проценти од потребите да бидат обезбедени од страна на ЕСМ.

-За жал, се појави група на потрошувачи кои вклучуваат и општини во државата кои на еден многу спорен начин од отворениот се вратија на регулираниот пазар. Овој некоректен однос за првите четири месеци чини 30 милиони евра. Тие 30 милиони евра се 9 проценти од регулираниот максимален приход којшто го определи РКЕ, појасни Бислимоски.

За сите овие појави, посочи, што РКЕ ги воочи уште кон крајот на јануари и почетокот на февруари, се известени сите релевантни институции во државата да преземат мерки и дополнително е даден налог на Електродистрибуција што е можно повеќе да ги анализира овие, како што рече, условно да ги кажам фиктивни договори што вообичаено се случуваат помеѓу еден потрошувач којшто бил на слободниот пазар и некоја новоформирана фирма или некое многу мало јавно комунално претпријатие кое што не ги исполнува условите да оди на слободен пазар и доаѓаат на регулиран пазар.

Препорача да се зголеми домашното производство на електрична енергија и додаде дека сигналите покажуваат дека во овие четири месеци тоа е зголемено за околу 10 до 15 проценти во споредба со истиот период лани.

– Дополнително, голем број на македонски компании коишто имаат можност поставуваат фотоволтаици на своите покриви и со тоа си заштедуваат трошоци за електрична енергија и според сознанијата што ги имаме сега имаат трошоци како што имале во едни мирни временски услови. Досега имаме издадено или почнати се постапки за издавање од околу 32-33 мегавати што е на ниво на „Св. Петка” последна хидроелектрана која што била направена со државни пари. Очекуваме во текот на јули и на август да се удвои бројот на такви компании и да имаме некаде за 7-8 месеци помеѓу 60 и 70 мегавати новоизградени фотоволтаични електрани коишто ќе ја релаксираат ситуацијата со цената на електричната енергија на слободниот пазар, потенцира Бислимоски.

РКЕ до крајот на јуни треба да донесе одлука за цената на електричната енергија на регулираниот пазар што ќе важи до крајот на годинава. Во неа се признаваат оправданите трошоци што ги имаат енергетските компании.

go88 play app hack go88 live go88

sunwin của ai