August 14, 2022 07:58
Македонија

До каде е истрагата, како Вице исчезна од кривична пријава за рекет во РЕК?!

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Љупчо Николовски

„До каде е истрагата како Вице исчезна од кривична пријава за рекет во РЕК?!

Љупчо Николовски треба да одговори зошто како вицепремиер одговорен за борба против корупција уште не истражил и нема разрешница за тоа како Вице исчезна од кривична пријава за рекет во РЕК, зошто Вице не е повикан во ЈО, но и зошто случајот стои замрзнат?

Кога ќе одговори за Вице, нека каже и зошто Ден Дончев наместо на истражна клупа се наоѓа на слобода? Но и до каде се случаите со Драги Рашковски кој беше фатен инфлагранти во криминал и местење на тендери?

Од вицепремиерот се очекува да каже и до каде се случаите со Лидија Димова.

Одговори чекаме и за провизиите на Венко Филипче од вакцините, матните тендери во здравството и сите пропусти на министерот смрт Филипче.

Долга е листата за истраги и процеси кои се закочени или воопшто не се отворени. За сите овие криминали ќе има одговорност. Заев и Николовски може само времено да ја одложат, а со тоа дополнително да се инкриминираат.