February 2, 2023 21:55
Македонија

До вчера со автобусите, денес со дојави за бомби се парализира Скопје (фото)

Центарот на Градот повторно се најде под блокада овој пат од страна на полициските и антитерористичките единици.

На електронска адреса на седум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Закани на електронска адреса за поставена експлозивна направа и добија и  ТЦ Ист Гејт, ТЦ Бисер, Транспортен центар, Флатирон и ПС Центар. Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

По четиридневната блокада на трите клучни крстосници во Скопје, кај Владата, кај Црвен Крст и кај ТЦ Мавровка и повлекувањето на приватните автобуски превозници само на потегот кај Градското Собрание на булеварот Илинден, од утрово градот е повторно со ограничен опсег на движење на пешаците и возилата поради дојавите за бомби не само во средните училишта туку и на клучни деловни објекти и станбени згради. Утрово дури мета на закани беше и полициската станица Центар.

Управата на трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ објави известување за евакуацијата на вработени и посетители. Тие велат дека проверките се завршени. Трговскиот центар продолжува со редовниот режим на работа согласно утврденото работно време.
Ист Гејт Мол се заблагодарува на надлежните институции за брзата и навремена реакција.

 

Поврзани вести

Улици затворени кај Кале – МВР подготвена во целост да го сочува мирот и стабилноста на државата и граѓаните (Фото)

admin

Спасовски: МВР ги презема сите активности кои се однесуваат на обезбедување мир и стабилност во државата

admin

Спасовски: Во борбата со корупцијата имаме зголемување на ефикасноста скоро за 50%

blink