October 1, 2022 20:12
Балкан

Дојави за бомби во Воената Академија во Белград, во студентски дом, трговски центри

Речиси два часа траеше проверката на екипите за контрадиверзија, кои со кучињата детално го прегледаа студентскиот дом „Патрис Лумумба“ во Белград по дојавата дека тука е поставена бомба.

Полицијата ја провери целата зграда, за среќа беше лажна дојава за бомбата.

Да потсетиме, денеска е вистински хаос кога се во прашање дојавите за бомбите.

МВР добило дојава за бомба во трговскиот центар во Раковица, Бањица и Кнез Михајлова, а било пријавено дека била поставена бомба во Воената академија, како и во ЗОО.