February 3, 2023 20:04
Македонија

Доста беше изживување врз граѓаните Мицкоски да ги запре блокадите на Скопје

Хаосот во Скопје и блокада што му се случува на градот е во политичка и логистичка режија на Христијан Мицкоски.

Од едната страна на блокадата е партнерот на Мицкоски – Ленин а од другата неговата градоначалничка Арсовска.

Заради бизнис интереси и кавги за тендери со денови трае изживување врз скопјани. Градот е заглавен како 11 години Македонија што беше заглавена.

Илјадници граѓани имаат проблеми во движењето, не можат навреме да стигнат на работните места, на лекар, децата не можат да ги однесат во градинка, учениците доцнат на училиште, студентите на факултет.

Ова се виновниците за колапсот на Скопје.

Погледне ги како се насмеани, пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ кога Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја славеа победата на Арсовска. Со трубачи, зурли и тапани. Арсовска во бел капут а Мицкоски во џемперче со патентче.

Сега цената за нивните кавги за провизии и тендери ја плаќаат скопјани.

Бараме Мицкоски да ја прекине блокадата на Скопје. Да им даде партиска наредба на неговите кадри во јавните претпријатија во Скопје, во управните одбори, да седнат и да најдат решение на проблемот.

Членовите на Управниот одбор на ЈСП се од ВМРО-ДПМНЕ.

Мнозинството во Советот на Скопје е од ВМРО-ДПМНЕ.  Претседавачот со Советот е  исто така од ВМРО-ДПМНЕ.

Ленин Јовановски е докажан поддржувач на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, близок и до Мицкоски.

Директорите и членовите на Управните одбори на сите јавни претпријатија се членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ.

Нека седнат, нека се договорат и да најдат решение за проблемот што тие го создадоа.

Доста беше ова изживување врз граѓаните, Мицкоски да ги запре блокадите на Скопје.