January 18, 2021 16:52
Економија Македонија

Донирани лаптопи за ученици и студенти од ранливи категории за следење онлајн настава

Македонската банкарска асоцијација во рамки на одбележувањето на Деновите на финанска писменост донира лапотпи на студенти и ученици кои немаат можност самостојно да набават уреди за следење онлајн настава  со цел да им овозможи навреме да следат настава, и да полагаат испити.

-Финансиската писменост е еден од важните предуслови за квалитетен живот, спокојно планирање на животните трошоци и распоредување на приходите на секој поединец. Ние, во Македонската банкарска асоцијација особено внимание посветуваме на финансиската писменост на клиентите на нашите членки, банките и штедилниците, и вложуваме ресурси за нејзино подобрување, почнувајки од најраните години на децата. Затоа одлучивме да донираме 10 лаптопи на студенти и ученици кои немаат можност самостојно да набават уреди за следење on-line настава  со цел да им овозможи навреме да следат настава, и да полагаат испити, наведуваат од Македонската банкарска асоцијација.

Со донацијата од МБА, стекнувањето знаење станува достапно и за оние кои не биле во можност да си обезбедат компјутер, а до пред пандемијата успешно ги исполнувале сите обврски во образованието.

Watch Haikyuu!!: To the Top Episode 2 (https://crunchyrollfree.com/m/62jl/ep-2) at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll one free trial per payment method

Assassination Classroom (Dub) (https://animeplanet.cc/m/pZ88) Episode 22 at AnimePlanet overlord anime planet