November 15, 2019 12:17
Македонија

ДОМ: Донесен Правилник за зеленило за ефективна заштита на зелените површини

ДОМ како зелена партија го поздравува објавувањето на Правилникот за планирање, подигање и одржување на зеленилото во Службен весник и неговото стапување во сила од вчерашниот ден.

Овој подзаконски акт, велат од ДОМ, е алатка која определува јасни правила за постапување на државните и локалните институции при донесувањето на урбанистичките планови и третманот на урбаното зеленило во нив.

„Со него добиваме уште една алатка за борба против корупцијата и урбаната мафија, а урбаното зеленило станува видливо и заштитено, надвор од дофатот на градежниот бизнис“, смета ДОМ.

Правилникот за зеленило е изготвен од Министерството за животна средина и просторно планирање, како обврска од Законот за урбано зеленило, донесен на почетокот на 2018 година. Изработен е во инклузивна процедура со работна група од претставници на институции на државно и локално ниво, како и со граѓански организации. Утврдени се детални постапки за изработка и јавно објавување на зелен катастар, на Стратегија за развој на зеленилото, како составен дел од секој Генерален урбанистички план, на Основен план за подигање и развој на зеленилото, како и на Годишна оперативна програма за подигање и одржување на зеленилото.

За потсетување, Законот за урбано зеленило обврзува на изработка на зелен катастар и обезбедување задолжителни 20 проценти зеленило на градежна парцела, како и 25 метри квадратни по жител на ниво на град. Но, законот нецелосно се спроведува, поради неусогласеност со Законот за просторно и урбанистичко планирање, како и немање соодветен Правилник, велат од ДОМ. Во собраниска процедура е новиот Закон за урбанистичко планирање, каде со голем број амандмани се води битка за конечно внесување на стандардите од Законот за урбано зеленило и во овој основен закон.

Нови вести

Aлијанса на Албанците: На Општина Гостивар и се вратија одземените ингеренции во образованието.

Valentina

Судиите од Кривичниот суд во Скопје со поддршка за судската администрација

zane

Заев и Шекеринска на средбата со шведскиот премиер Лофвен во Стокхолм: Силна поддршка од Кралството Шведска за европските интеграции 

zane