April 20, 2021 21:06
Економија Македонија

„Дома си е дома“ даде одлични резултати за туристичките капацитети

Поддршката на домашниот туризам и ваучерите „Дома си е дома“ дадоа одлични резултати за домашните туристички капацитети, напиша премиерот Зоран Заев денеска на својата фејсбук страница.
Податоците за Маврово – Ростуше (Националниот парк Маврово) за првите 10 месеци од 2020 година, и покрај затворањето во април, мај и дел од јуни кога не работеа сместувачките капацитети, покажуваат дека се остварени 22.453 ноќевања од страна на 11.098 туристи, а за истиот период во 2019 година имало 20.563 ноќевања и 10.394 туристи во сместувачките капацитети. Ова е раст од 6% за домашните туристи и од 9% за ноќевања, во споредба со 2019 година.
 Во Берово, имаме покачување од 29% на домашните туристи, додека бројот на ноќевања е зголемен за 37% во однос на истиот период 2019 година.
Отворањето на новата линија Киев – Скопје овозможи поголем број на украински туристи во нашите зимски центри кои се полни до крајот на месецот благодарение и на зелените коридори кои Северна Македонија ги воспостави со соседните Србија и Албанија.
Ова покажува дека имаме потенцијал за развој на еко-туризмот и руралниот туризам.
Во 2021 продолжуваме со интензивна поддршка преку Програмата за развој на туризмот во Северна Македонија во 2021 година. Предвидени се 31.000.000 денари, за повеќе мерки за промоција туристичката понуда на државата.

KissAnime fire force kissanime: Black Clover (Dub) (https://kissanimeonline.com/m/RdyM) Episode 149

GoGoAnime watch anime free: The Promised Neverland Season 2 Episode 5.5 (https://gogoanime.be/m/6arM) Episode Full