January 29, 2023 13:04
Свет

Доживотен затвор за педофилот кој уби 6 годишно девојче во сон и сексуално го злоставувал

Свен Меснер (34) го поканил девојчето да се дружи со неговиот син во неговиот дом во Баден-Баден, откако се спријателиле во локалниот парк, пишува Дејли Мејл.

Мајката на шестгодишната Шакија неволно се согласила да ја испрати да се дружи, кога за последен пат ја видела жива. Меснер е осуден на доживотен затвор, тој е прогласен за виновен за убиство и нарушување на мирот на починатите.

– Тој официјално не даде изјава, па зависиме од други докази, изјави за медиумите државниот обвинител Мајкл Клос.

Спиење не било планирано, но двете деца ги молеле родителите да ја поминат ноќта заедно. Мајката на Шакија била убедена да ја остави да преноќи, таа ја бакнала и прегрнала и ѝ рекла да се видиме утре. Убиството се случило на 19 декември минатата година во куќата на Меснер.

Судот слушнал дека Меснер ѝ го пресекол грлото на шестгодишното девојче и ја прободел во стомакот помеѓу полноќ и 3 часот наутро. Меснер потоа сексуално го злоставувал телото на девојчето, а злосторството се обидел да го сокрие со палење на елката и пуштање гас во рерната. Пожарникарите влегле во запалената куќа, а педофилот бил пронајден без свест во градината. Пожарот го преживеал и неговиот син.

Мајката на Шакија утрото се појавила пред куќата бидејќи Меснер не го донел девојчето дома како што планирале. Кога соседот ѝ рекол дека имало пожар и дека видел локва крв, таа се онесвестила. Дури подоцна дознала за страшното злосторство и за начинот на кој починала нејзината ќерка. Додека го чекал судењето во затвор, Меснер одбил да оди кај психијатар и неколку пати се обидел да се самоубие.

– Не поминува ден да не мислам на тоа мало девојче. Го сакав брат ми, но сега го мразам. Сигурно ѓаволот влегол во него, рекол братот на насилникот, Мајк Меснер.

Таткото на Шакија, Сулејман К (26) за локалните медиуми изјавил дека живее во пекол. Тој веќе тринаесет години живее во Германија и работи како обезбедување, а присуствувал и на судењето. Мајката на Шакија била поврзана со видео, бидејќи не сакала да седи спроти убиецот на нејзиното дете.

– Морам да бидам тука бидејќи сакам да го видам убиецот на ќерка ми, се обидувам да го разберам. Не го познавам човекот, но сакам да слушнам зошто го направил тоа. Тоа ми е важно, но во исто време и многу тешко, изјавил Сулејман.

Обвинетиот немал коментар за време на судењето.

 

Поврзани вести

Туниски суд осуди на доживотен затвор седум лица за нападите од 2015

Igor

Осудени 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за пуч во Турција

Igor

Кривична за педофилот од Бутел

Igor