February 3, 2023 21:40
Балкан

Додик: Утре заеднички став со Вучиќ околу присуството на самитот во Тирана

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека утре со претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе координираат  заеднички став за учеството на самитот на лидерите на ЕУ и земјите од Западен Балкан, кој ќе биде одржана во вторник, 6 декември, Тирана, јавува РТРС.

Додик рече дека ставот на претседателот на Србија за одење на самитот во Тирана е многу јасен, но треба да се земат предвид и реалните околности, односно фактот дека тоа е самит на ЕУ и на Западен Балкан и дека Србија е најважната земја во регионот.

Додик изјави дека доколку претседателот на Србија не оди на оваа средба, тогаш и присуството на Република Српска во Тирана ќе биде под знак прашалник.

-Во Босна и Херцеговина има сложени процедури на овој план. Познато е дека Босна и Херцеговина има тричлено Претседателство и ако еден член не може да го стори тоа, тогаш друг оди и тоа може да биде проблем, но сето тоа ќе го координираме со претседателот Вучиќ, рече Додик.