February 2, 2023 21:22
Балкан

Додик: Правилната политика денес е да се остане неутрален во руско-украинскиот конфликт

Правилната политика денес е да се остане неутрален во руско-украинскиот конфликт, да не се воведуваат санкции кон Русија и да не се става на страната на Западот против никого, изјави претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Додик објасни дека Српска на конфликтот во Украина гледа на начин на кој два народа блиски до Србите се во војна и посочува дека трикот на Западот е концептот дека кој владее со Евроазија, ќе владее со светот и желбата сите да бидат во еден процес на општ напад врз Русија.

„Како претседател морам да размислувам на поинаков начин. Тој конфликт еден ден ќе биде историска секвенција. Она што е доминантно во нашите односи е тоа што не сме имале никакви проблеми со Русите. Русија како глобална сила останува структурирана во рамките на ОН, останува членка на Советот за безбедност и ако кажам: ќе воведеме санкции кон Русија, тогаш ќе бидеме во позиција на трајно губење пријатели“, нагласи Додик, пренесе „Танјуг“.