Српскиот член во тричленото Претседателството на БиХ, Милорад Додик, изјави дека не сака неуспех на БиХ и дека е погрешно претставен како некој што сака конфликти. Додик смета дека е нарушена „деликатната рамнотежа“ на Дејтонскиот договор и го обвнини поранешниот висок претставник на меѓународната заедница Педи Ешдаун дека бил „најлошиот криминалец“
-Не сакам БиХ да пропадне. Јас само сакам да постои врз основа на Уставот. Ако не може така, зошто федерацијата воопшто би функционирала?, е констатацијата на Додик.
За британски Гардијан, Додик изјави дека сè уште сака БиХ да влезе во ЕУ и покрај постојаното отфрлање од страна на државите како што се Франција и Холандија.
-Од нас се очекува да се однесуваме и да се надеваме дека ќе има проширување на ЕУ , иако знаеме дека нема. Во меѓувреме нудат некои програми и ние го цениме тоа, благодарни сме. Но, ако сакаат да не доближат до ЕУ, тогаш треба да престанат да ни поставуваат услови, рече Додик.
Српскиот член на Претседателството се уште верува во Дејтонскиот договор, но смета дека договорот бил узурпиран од „странец кој не е избран“ алудриајќи на високиот претставник во БиХ, кој на сила наметнал околу 140 закони. Според него во БиХ сите проблеми биле предизвикани од четворица „неизбрани“ странци.
-Високите претставници и тројца судии (назначени од Европскиот суд за човекови права), странци, дејствуваат во Уставниот суд на БиХ како координиран злосторнички акт против уставниот поредок, вели Додик.