October 26, 2021 13:18
Балкан

Додик: Изетбеговиќ со својата остра реторика БиХ ја носи кон распад

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, денеска изјави дека лидерот на Партијата за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ, се почесто користи остра реторика во своите јавни настапи, со што отвора фронтови против Република Српска, но и соседните земји, Србија и Хрватска, а неодамна и кон Црна Гора.

-Тоа не води кон ништо друго освен кон распад на БиХ и изолација во која Изетбеговиќ изгледа најудобно се чуствува, рече Додик за агенцијата Срна.

Тој изјави дека во БиХ „ е поразена секоја можност за заеднички живот во постојната политичка рамка, бидејќи една нација и нејзините политички претставници не разбираат дека другите во БиХ не гледаат на минатото, сегашноста или иднина како нив, не гледаат на соседите како нив, ниту, пак, разбираат дека секој подеднакво има право на БиХ”.

Додик оцени дека спроведувањето на политиката на жртва, „според која некој постојано е должен да ти ги исполнува желбите, да ти плаќа отштета, да ти дава донации, да одлучува и да работи место тебе, е политичка инфантилност од која Сараево, главно бошњачките политичари, никогаш не можат да излезат”.

Коментирајќи ја изјавата на Изетбеговиќ дека Србија и нејзиниот претседател Александар Вучиќ не треба да испраќаат вакцини или жито во БиХ, туку дека треба да престанат да ги прогонуваат бранителите на БиХ, Додик оцени дека ниту Србија, ниту Република Српска, не и должат ништо на БиХ, ниту морално ниту материјално.

Додик рече дека Србија „несебично дистрибуирала” вакцини на секого во време кога им биле потребни и на граѓаните на Србија.

-Зошто Изетбеговиќ тогаш не им кажа на Вучиќ и Србија дека не ни требаат вакцини, и зошто неколку илјади луѓе од Федерацијата БиХ отидоа во Србија на вакцинација? Зошто Изетбеговиќ не им обезбеди на своите луѓе вакцини, и на пример, среде пандемија, преку министерката за надворешни работи, Бисера Турковиќ, обезбеди урни поради кои целата Федерација на БиХ и денес им се исмева? Ова се прашања за Изетбевовиќ, се друго е демагогија , рече тој.

Тој оцени дека со спомнувањето на „наводната воена отштета што Србија треба да и ја плати на БиХ”, Изетбеговиќ продолжува со воинствена реторика, која, како што посочи, доби интензитет во последните десет дена – од нападите врз Српската православна црква, преку постојаните удари врз Република Српска и се почесто кон Србија.

Watch Figure 17: Tsubasa & Hikaru (Dub) Episode 13

Website https://animedao.nl: Watch Urda (Dub) animedao Episode Full animes online

AnimeKisa: Zipang (Dub) anime episode 26 online free at https://animekisa.in dubbed anime

Website https://gogoanime.be: Watch Terror in Resonance gogoanime Episode 11 gogoanime site

Digi: https://www.digi.com/support/forum/user/animeflixnl

Recordsetter: https://recordsetter.com/user/kissanimemx