August 19, 2022 12:57
Балкан

Додик: Германија го спречи кандидатскиот статус на БиХ и сега го слушаме Шолц дека можеме да им веруваме

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик вели дека Германија ја спречила БиХ да добие статус на кандидат за влез во ЕУ, а сега германскиот канцелар Олаф Шолц вели дека БиХ може да и верува на Германија, пренесува РТРС.

„Слушнавме сè во претходните денови. Германија го спречи кандидатскиот статус на БиХ со гласањето против, а сега го слушаме германскиот канцелар Шолц дека БиХ може да и верува на Германија. Боже, сешто!“, напиша Додик на „Твитер“.

Германија, Холандија и Франција беа против кандидатурата на БиХ за членство во Европската унија на Самитот ЕУ-Балкан во Брисел.