June 28, 2022 02:34
Балкан

Додик бара оставка од Џаферовиќ и најави блокада на санкциите против Русија

Членот на претседателството на БиХ, Милорад Додик, го обвини актуелниот претседател на државниот врв, Шефик Џаферовиќ, за уривање на уставниот поредок и најави дека поради тоа ќе бара негова смена, нагласувајќи дека бошњачките политичари некритички ги поддржуваат санкциите против Русија, на што тој силно се противи.

Додик е огорчен од говорот кој Џаферовиќ го одржа минатата недела пред Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата во БиХ, предупредувајќи, меѓу другото, на опасностите од сецесионистичката политика на босанските Срби.

Затоа, на првата седница на Претседателството на БиХ, одржана потоа во Сараево, Додик го покрена прашањето за одговорност на Џаферовиќ, тврдејќи дека претседавачот на Претседателството на БиХ излегол од своите овластувања и го дезинформирал Советот за безбедност со изнесување приватни ставови во Њујорк.

Со тоа, како што тврди, Џаферовиќ ги прекршил Уставот и Деловникот на Претседателството на БиХ, па мора веднаш да поднесе оставка.

„Доколку не го стори тоа до следната седница на Претседателството, ќе побарам да се покрене постапка за негова смена“, изјави Додик за новинарите.

Тој не објасни како има намера да го стори тоа бидејќи изборниот закон одредува само ситуација во која Уставниот суд одлучува за привремена или трајна спреченост на член на Претседателството да ја врши таа должност.

Додик тврди дека кршењето на Уставот и Деловникот станало редовна практика на како што рече, бошњачко-муслиманската политика, на сите нивоа на власта и вели дека единствената цел на бошњачките политичари е да му се додворат на Западот.

Тој обвини дека затоа некритички ги поддржуваат санкциите против Русија, додавајќи дека лично силно се противи на какви било казнени мерки против Москва за агресијата врз Украина. Додик нагласи и дека неговите лични напори го спречиле Претседателството на БиХ и Советот на министри, како колективни тела, да донесат каква било формална одлука за приклучување на БиХ кон санкциите против Русија.

„Така и ќе остане“, рече Додик.

https://tai.go88.is/

sunwin lừa đảo báo cầu sunwin sunwin lừa đảo