January 15, 2021 18:51
Македонија

Додека сите се борат против коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги саботираат мерките, го поткопуваат здравствениот систем 

За Владата предводена од СДСМ приоритет е заштита на здравјето на граѓаните во услови на глобална пандемија, затоа воведе 30-дневна кризна состојба на територијата на целата држава за да ги мобилизира сите капацитети  за заштита на јавното здравје и спречување на ширењето на заразата со коронавирусот. Од друга страна опозициската ВМРО-ДПМНЕ не најде за потребно во изминатите осум месеци да покаже конструктивност и да ги поддржи напорите за справување со кризата, која зема замав низ цела Европа. Напротив, ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на пандемијата со коронавирусот се однесува деструктивно, ги поткопува сите напори на здравствениот систем и на институциите за справување со кризата, во очајни обиди политички да профитира ги злоупотребува починатите и нивните најблиски и бара оставки.
Прв што треба да си даде оставка е токму губитникот Христијан Мицкоски и да замине од белиот дворец, тоа три пати по ред му го порачаа граѓаните кога го поразија на избори.
Лицемерен и недоследен Мицкоски, глуми загриженост за здравјето на граѓаните, а всушност се грижи како да си ја задржи фотелјата.
Наводно загрижен за здравството, преку негов кадар во преодната влада кочеше заем за опремување на здравствените установи, си одеше во теретана и во кафана кога беше забрането, им лепеше партиски етикети на лекарите и ги плашеше граѓаните дека нема доволно тестови и заштитна опрема.
ВМРО-ДПМНЕ преку својот висок функционер Вело Марковски, кој смета дека ковид-19 е некаков безопасен вирус, па дури и дека не треба да се носат маски, свесно поттикнува на непочитување на мерките, кои масовно се прекршуваа и на нивните собири.
ВМРО-ДПМНЕ ги саботира сите мерки и напори за спречување на ширењето на вирусот.
Мицкоски е неодговорен и незрел политичар опасен по здравјето на граѓаните и затоа уште долго ќе остане во опозиција.