April 5, 2020 11:43
Македонија

Додека ВМРО-ДПМНЕ продуцира лажни вести, СДСМ ја води државата кон напредок, просперитет, НАТО и ЕУ

Соопштение за јавност – реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Ништо ново од белиот дворец, ВМРО-ДПМНЕ, извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски се заглавени во матрицата на лажни вести и конструирани случаи . Како дел од продукцијата на лажни вести од ВМРО-ДПМНЕ се и изнесените лаги за претседателот Заев и за членови на неговото семејство. Во отсуство на реални политики и мерки ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Христијан Мицкоски своето делување го базираат на валкана кампања, затоа што ништо друго и не знаат. Стравот од одговорност за криминалите во белиот дворец дополнителнио кулминира, по носењето на Законот за јавно обвинителство. Разликата е очигледна. Додека СДСМ е за правда и одговорност, ВМРО-ДПМНЕ е за амнестија на криминалците, за обнова на режимот и изолацијата.

Додека ВМРО-ДПМНЕ се занимава со продукција на лаги ние ја водиме државата во НАТО и ЕУ, додека Мицкоски брани криминал, ние зголемуваме плати и  обезбедуваме правда. Нема да дозволиме, ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и неговиот диригент од Будимпешта да ја вратат државата чекор назад во изолација, режим и неказнивост. Затоа на 12 април граѓаните ќе ги казнат деструктивните ВМРО-ДПМНЕ и ќе  порачаат – режим никогаш повеќе!