January 22, 2019 22:28
Свет

Договорот за Брегзит ќе биде следната недела, тврди уредникот на „Тајмс”

Договорот за Брегзит ќе биде објавен во вторник, откако ден претходно ќе го разгледа британската Влада, тврди уредникот на „Тајмс” Сем Коутс, повикувајќи се на нацрт агенда за која е разговарано во Лондон.

„Според еден нацрт од агендата за која е разговарано денеска во Вајтхол – „Кабинетот преферира в понеделник” вели Коутс“.

Тој нагласува дека британскиот министер за Брегзит, Доминик Раб ќе има состанок со главниот преговарач од ЕУ Мишел Барние во вторник,  истиот ден кога ќе биде објавен целосниот договор за повлекувањето и дека ќе се разгледува политичка декларација. Според него, премиерката Тереза Меј ќе се обрати в среда во Долниот дом на Парламентот. Самитот на ЕУ би можело да биде одржан меѓу 23 и 25 ноември. Велика Британија треба да ја напушти ЕУ до 29 март.

Related posts

Рогозин нема да ја посети НАСА бидејќи во тек е „втора американска граѓанска војна”

Ivona

(Видео) Засилени безбедносни мерки во светските престолнини за новогодишната ноќ

Igor

Путин сака да го обнови дијалогот со САД за нуклеарниот договор

Ivona