December 9, 2022 14:21
Свет

Добитник на Нобеловата награда за медицина е шведскиот генетичар Пабо

Добитник на Нобеловата награда за медицина годинава е шведскиот генетичар Сванте Пабо, за откритија во областа на изумрените хоминински геноми и човечката еволуција.

Со своето пионерско истражување Пабо постигна нешто навидум невозможно: секвенционирање на геномот на неандерталецот. Тој го направи и сензационалното откритие на непознатиот Денисов хоминин. Пабо, исто така открил дека се случил трансфер на гени од овие сега изумрени хоминини до Хомо сапиенс по миграцијата од Африка пред околу 70.000 години.

Древниот на гени до денешниот човек има физиолошка важност на пример, влијае на тоа како нашиот имунолошки систем реагира на инфекции.

Неговото истражување создаде целосно нова научна дисциплина – палеогеномика.