Магазин

Доаѓа нов документарец за „Битлси“, фановите ќе видат досега необјавен материјал

The Beatles: Get Back, долгоочекуваниот нов документарен филм на Питер Џексон, се обидува да го демистифицира распадот на култната четворка и да го прикаже нивниот меѓусебен однос во поведро светло.

Документарниот филм од три дела ги следи Џон Ленон, Пол Макартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар во јануари 1969 година во подготовки за нивниот прв концерт по повеќе од две години.

Користејќи повеќечасовен досега невиден архивски материјал, Џексон покажува и како „Битлси“ напишале и снимиле 14 нови песни за албумот за само три недели.

Тоа е период добро познат на гледачите на документарецот Let It Be од 1970 година на режисерот Мајкл Линдзи Хог, кој во својот филм стави акцент на тензијата и горчината што тлееше во бендот, кој се распадна истата година.

Големиот љубител на „Битлси“, Питер Џексон, најпознат по трилогијата „Господарот на прстените“, не се замара премногу со креативните несогласувања на квартетот од Ливерпул.

Со филмот Get Back, тој се обидува да ја преобликува воспоставената слика за последните години на „Битлси“ како период на кавги и раздор, а наместо тоа, ги прикажува членовите на бендот како се забавуваат, шегуваат и спонтано создаваат безвременски класици.

„Имавме подеми и падови, но покрај сето тоа, и ќе се уверите во верзијата на Питер Џексон, многу се забавувавме, што не е прикажано во оригиналниот документарец“, изјави неодамна Ринго Стар.

Документарниот филм на Џексон, кој ќе биде достапен на „Дизни плус“ од четврток, 25 ноември, го прикажува и последниот јавен настап на „Битлси“, 40-минутен концерт на покривот на зградата на нивната деловна компанија во Лондон, сега за првпат во целост.

https://aniwatch1.com/. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

AniWatch Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town?

Horimiya (Dub)

So I'm a Spider, So What? Episode 15

sites to watch anime AniWatch That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Part 2

That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 (Dub)

tải go88