August 22, 2019 10:02
Магазин

Дневен хороскоп за 12 февруари

Лавовите ќе донесат важни одлуки, Девиците размислуваат за нова врска.

Прочитајте го хороскопот за 11 февруари.

Овен

Ќе се соочите со помали проблеми кога станува збор за работата, но ќе ги успеете да ги решите за брзо време.

Како што одминува времето, ја снемува љубовта. Меѓу вас и саканата личност останува уште малку нежност и романтика.

Би ви годел одмор.

Бик

Сфативте дека најголем дел од работата морате да го преземете на себе. Денеска не можете да се потпрете на соработниците.

Ве очекува солидна ситуација во врска со саканата личност. Пред вас е поволен ден за емоции.

Денот е поволен за опуштање.

Близнаци

Не сте подготвени да преземете нова одговорност. Дајте си себеси малку време за да дојде успехот.

Потребно ви е време да одлучите дали сте подготвени за брачна заедница.

Проблеми со кичмата.

Рак

Неповолен ден за промени на полето на работата. Новите понуди разгледајте ги добро, пред да донесете одлуки.

Во потрага сте по ново познанство. Меѓутоа, не ви  е лесно да им верувате на другите.

Би ви годела промена во исхраната.

Лав

Ако планирате да започнете нова работа, денешниот ден е сосема солиден за тоа. Имате поддршка.

Ако сте во врска, пред вас се важни одлуки за иднината.

Внимавајте на забите, посетете заболекар.

Девица

Денешниот ден е поволен ако треба да се занимаваре со формалности, администрација и судови.

Сакате да влезете во нова врска, но личноста на која често мислите ви делува далечна од вас.

Внимавајте на исхраната.

Вага

Ќе добиете помош која ви е неопходна за да ги решите проблемите на полето на работата.

Вашата љубомора би можела да ви направи проблеми во врската. Пред вас е фаза на кавги и тензии.

Проблеми со несоница.

Шкорпија

Нема да ја добиете работата која ја очекувате. Ќе дојде до мало разочарување, но кренете ја главата горе.

Партнерот делува нервозно и ви пречи што постојано внесува тензија во вашиот однос.

Внимавајте на бубрезите.

Стрелец

Морате да покажете дека сте максимално подготвени да се посветите на своите обврски. Ви се ближи унапредување.

Се ладите од саканата личност и размислувате за прекин на врската.

Можни се хронични проблеми.

Јарец

Не ги препуштајте одлуките во рацете на другите луѓе. Време е да се потпрете на себеси.

Ве очекува познанство со личност која во вас ќе ја разбуди љубопитноста.

Редовно проверувајте го крвниот притисок.

Водолија

Можно е денеска да сте премногу уморни за да можете да ги завршите сите планирани обврски.

Се враќа чувството на незадоволство кое го имате и претходно. Тешко ви е да се изборите со тоа.

Внимавајте на здравјето, земајте витамини.

Риби

Ако сте упорни, ве очекуваат резултати кои се повеќе од задоволувачки за вас.

Во љубовта, за вас владее затишје.

Болки во грлото.

Нови вести

Сопругата на Квентин Тарантино е бремена

zane

Актерот Бардем ја пофали Грета Тунберг истакнувајќи дека таа е промената

zane

Џастин Бибер снимен со акни на лицето

zane