January 25, 2021 15:26
Македонија

ДКСК бара Владата да го разреши Тозија, а Владата одговорила дека неговата одговрност треба да се бара кај други органи

Поднесовме иницијатива во врска со постапувањето на в.д. директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија, со што побаравме одговорност и да го разреши, истакна денеска Владимир Георгиев членот на антикорупциската Комисија прашан дали добиле одговор од Владата за барањето на Државната комисија за спречување корупција.

Информираше дека од Владата добиле одговор дека поради пандемијата не именувала друг директор но и дека не наведуваат дека ќе го разрешат. Од Владата им посочиле дека одговорноста која ја побарала ДКСК е предмет на позитивното законодавство во државата и дека тоа е во надлежност на други органи.

-Ние сметаме дека Владата е надлежна, бидејќи според законот за филмска дејност Владата е таа што го именува и го разрешува директорот. Оваа претставка е доставена и до вицепремиерот за корупција и очекуваме да видиме што ќе се случи, истакна Георгиев.

Watch The Promised Neverland Episode 1 (https://animeheaven.pro/m/dO6n/ep-1) at website https://animeheaven.pro anime heavene

Yosuga no Sora Episode 12 at website https://gogoanime.be gogoanime haikyuu