June 27, 2019 10:42
Свет

Ди Мајо и Салвини со поддршка за „жолтите елеци”

Потпретседателите на италијанската Влада, Луиџи ди Мајо и Матео Салвини денеска дадоа поддршка на француското движење „Жолти елеци”.

Лидерот на италијанското движење Пет ѕвезди, Ди Мајо напиша на блог дека неговото движење е подготвено да им ја пружи потребната поддршка.

-Како и вие, и ние силно ги осудуваме оние кои предизвикаа насилство на протестите, но знаеме дека вашето движење е мирољубиво, наведе Ди Мајо.

И неговиот коалициски партнер и лидер на Северна лига, Матео Салвини, актуелен италијански министер за внатрешни работи, дава поддршка за „жолтите елеци”, меѓутоа тој додаде дека „апсолутно ја осудува секоја епизода на насилство”.

– Ги поддржувам пристојните граѓани кои протестираат поради претседателот кој владее против својот народ, но апсолутно и одлучно ја осудувам секоја епизода на насилство, кое никому не му е потребно, рече Салвини.

Нови вести

Европа се бори со топлотниот бран

zane

Трамп и Ким за година и пол размениле 12 писма

zane

Холандската железница им нуди отштета на жртвите на холокаустот

zane