July 26, 2021 03:38
Македонија

Дискусија за 5Г технологијата – граѓаните прашуват, а експертите одговараат

Скопје, 15 јуни 2021 (МИА) – Придобивките од 5Г технологијата се големи – за дваесет пати побрзо преземање на филмови и музика и истовремено поврзување на повеќе уреди, а ќе се овозможат и нови сервиси кои сега се незамисливи. Освен за граѓаните новата техологија ќе има и широка примена во индустријата, автоматизацијата, роботиката и целокупната дигитализација на сите сфери од општеството.

Граѓаните ќе ги почувствуваат бенфитите од преминот од 4Г технологија на 5Г, исто како, што е преминот од постар на понов и подобро опремен автомобил. Тоа значи дека се ќе биде и побрзо и ќе добиваат повеќе услуги во исто време, а со 5Г технологијата ќе се овозможи и во поруралните средини да имаат пристап до брз интернет и сервиси.

Ваква технологија веќе е достапна во некои земја од Европа, како Германија, Велика Британија и Словенија, додека кај нас операторите минатата година почнаа со тестирање на 5Г мрежа во централното подрачје на Скопје. Сето тоа е успешно завршено и генерално очекувањата се до 2023 година еден поголем град да биде покриен, а до 2025 до 50 проценти од популацијата во нашата земја.

Кои се придобивките, а кои се слабостите од користење на 5Г мрежата, дали новата технологија и уредите ќе троши и повеќе струја, кои се безбедносните и здравствени ризици и дали ќе се зголемат цената на услугите и уредите се прашањата, кои граѓаните ги поставуваа во рамки на денешната онлај дискусија за „Дигитална агенда – Сè што сакавте да знаете за 5Г технологијата“, организирана од Фондација Метаморфозис, во рамки на проектот “Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA”, кофинансиран од Европската Унија.

Одговорите на овие и други прашања, во форма на онлајн дискусија ги дадоа извршниот директор на Фондација за интернет и општество Метаморфозис Бардил Јашари, раководителот на Сектор за телекомуникации во Агенцијата за електронски комуникации Борис Арсов, директорот на Сектор за пристапни мрежи во Македонски Телеком Васко Најков и Томислав Шуминоски, доцент на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

Граѓаните треба да знаат дека секоја нова генерација си носи и нова технолошка поддршка со уреди – па ако сакаате да користите 5Г технологија ќе мора да имате уред што поддржува 5Г.

5Г технологијата користи повисоки фрекфенции и со тоа троши и помалку струја, но мобилните уреди, според некои анализи моментално користат 10 до 15 проценти повеќе батерија од претходните генерации.  Една 5Г антена е со големина на звучник и се значително помали од сегашните, но имаат опсег од 500 во погусто населени места, па освен придобивките, за граѓаните повидливо ќе биде и тоа дека ќе треба да се постават повеќе антени.

Во однос на безбедноста и здравјето на луѓето поврзано со зрачењата од новата технологија, учесниците на дебатата, посочија дека сите држави, вклучително и АЕК прават мерења и досега нема докази дека има било каква штета на животните и луѓето. Резултатите од мерењата се јавно достапни и може да се видат на страната на АЕК и други релеватни меѓународни институции.

Со 5Г технологијата – нивото на безбедност на комуникацијата се надградени и е побезбедна, но сепак таа нема целосно да ја замени постоечката 4Г и ние се уште, уште долго ќе ги користиме старите мрежи и ќе бидеме поврзани на оптичка мрежа, што значи дека нашата изложеност на злоупотреби ќе остане речиси иста, како и досега.

Според учесниците на денешната дебата, стандардните и за безбедност и за приватност – ќе се зголемуваат со самата 5Г технологија и со тоа самите услуги и уредите ќе ги направи и подобри, од самата безбедност на уредите кои ги поврзуваме, потоа податоците кои се процесираат и чуваат, и дека сетоа тоа ќе биде преточено во одредените протоколи и законски рамки кои ќе треба да се следат во таа насока. аа/сп/

AnimeDao Watch anime online, English anime online HD. Watch Eden of The East the Movie I: The King of Eden (Dub) Episode Full

AnimeBee | Watch Anime Online | English Sub & Dub Anime Free. Watch 1001 Nights Episode Full

https://aniwatch.pro aniwatch. Virus: Virus Buster Serge (Dub) Episode 12

AniWatch Sites Google: https://sites.google.com/view/aniwatch-official/home