April 21, 2019 20:40
Македонија

Дирекцијата за заштита и спасување со два авиони и денеска активна во гаснењето пожари на Скопска Црна Гора

Пожарите на Скопска Црна Гора и денеска се активни. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека од утрово интервенираат со два авиона и во 14 налети исфрлени се 35 тони вода.

-Воздухопловите и  пилотите на ДЗС и денес направија се што е во нивна моќ и надлежност, стои во соопштението во кое од Дирекцијата апелираат до сите инспекциски и земски надлежни служби (противпожарна, шумска полиција) агилно да се ангажираат и извршуваат своите задачи, да вршат редовни контроли и превенција, за да не се создаваат нови вакви пожари.

Апелираат и до населението посовесно да се однесува на отворен простор, да не палат отпадоци и стрништа, бидејќи и најмала искра може да доведе до пожари од големи размери.

Нови вести

(Живо) ДИК почна со објавување на првичните резултати од изборите

Filip

Иванов: На новиот претседател му посакувам многу помирен мандат

Igor

Кирацовски: Изборниот ден помина во мирна, фер и демократска атмосфера

Filip