Македонија Хроника

Директор на бугарската полиција: Загинаа 12 деца, меѓу кои и двајца близнаци

Во автобусот со македонска регистрација, според првичните информации, патувале 52 патници и возачот, изјави за БТВ директорот на Националната полиција на Бугарија Станимир Станев.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Стаев додаде дека македонскиот автобус синоќа во 21 часот влегол во Бугарија од граничниот премин „Капитан Андреево”. Тој патувал преку автопатот „Тракија”, а потоа преку автопатот „Струма” до границата со Северна Македонија во правец на граничниот премин Ѓуешево, од каде морал да ја напушти Бугарија. Според Стаев, се уште се работи на утврдување на причините за пожарот во автобусот.

Тој потврди дека загинале 45 македонски државјани, а 7 преживеале. Трагично е, додаде Стаев, што меѓу загинатите има и деца, дури и двајца близнаци близнаци. Преживеале две жени и двајца мажи кои се пренесени во болницата „Пирогов” во Софија.

Засега ништо не може да се каже за причините, немало друг учесник во несреќата, а заштитните огради го чувале автобусот да не испадне од делницата. Случајот го истражува Националната истражна служба поради големиот број жртви. Утврден е идентитетот на сите патници кои поминале гранична контрола при влез во Бугарија.

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

AniWatch JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub) Episode 31

watch anime free Horimiya (Dub)

Black Clover (Dub) Episode 162

Your Lie in April Episode 18

anime sites JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub)

tải go88