September 23, 2021 17:38
Балкан

Директорот на Фронтекс во посета на бугарско-турската граница

Извршниот директор на Фронтекс, Фабрис Лежери ја посети  бугарско-турската граница заедно со раководството на Граничната полиција и главниот секретар на бугарското Министерство за внатрешни работи Петар Тодоров за да ја проценат подготвеноста за справување со миграцискиот притисок, јави дописникот на МИА од Софија.

Европската агенција за гранична и крајбрежна стража оцени дека властите во Бугарија се справуваат со заштитата на бугарско-турската граница.

Според генералниот секретар на бугарското МВР, во моментов нема потреба да се користи армијата за безбедност на границата со Турција, но ситуацијата останува напната. Затоа, како што рече, таму се испратени вработени во МВР од внатрешноста на Бугарија.

Извршниот директор на Фронтекс најави дека европската агенција ќе им помогне на бугарските власти доколку е потребно и доколку тие побараат.

Лежери рече дека по завршувањето на пандемијата се очекува зголемување на нелегалниот сообраќај преку граничните премини.

Тодоров смета дека има зголемен притисок врз бугарско-турската граница и околу шест пати повеќе обиди за влегување на бугарска територија, како и зголемување на бројот на луѓе кои влегле во земјата.

Во Бургас, Лежери беше примен од заменик -министерот за внатрешни работи на Бугарија, Венцислав Катинов, кој рече дека се потпира на поддршката на Фронтекс во услови на динамична миграциска ситуација.

Според Катинов, одржувањето сигурна и ефективна заштита на надворешните граници на ЕУ останува приоритет во оваа ситуација.

KissAnime: Mu Di anime episode Full online free at https://kissanime.mx kissanime uk

ANIMEFLIX Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

AniWatch: Ookami to Koushinryou II: Ookami to Kohakuiro no Yuuutsu anime episode Full online free at https://aniwatch.pro anime sites

Reikenzan: Eichi e no Shikaku Episode 12

Catchafire: https://www.catchafire.org/profiles/1625061/

Pinterest: https://www.pinterest.com/gogoanimebe/