December 7, 2022 20:50
Свет

Директорот на „Фајзер” повторно позитивен на коронавирус

Алберт Бурла, извршен директор на Фајзер, е позитивен на тестот за коронавирус.

Тој се зарази со коронавирусот во август и тогаш се лекуваше со лекот Паксловид, кој се користи во лекувањето на високоризичните групи како што се постарите лица.

Сепак, тој сега повторно е позитивен на коронавирусот.

– Се чувствувам добро, немам никакви симптоми – изјави Бурла.

Инаку, тој примил четири дози од вакцината развиена од компаниите Фајзер и Бионтек, но не и новиот бивалентен бустер, вакцина заеднички развиена од Модерна и тимовите Фајзер и Бионтек.

Бурла рече дека не го добил бустерот поради усогласеноста со процедурата која бара од него да чека три месеци од претходната инфекција со коронавирус, пренесе Аваз.ба.