November 28, 2020 23:10
Македонија

Директорот на ортопедија Камнар утрово поднел оставка

Клиниката за ортопедија во моментов е без директор. Досегашниот прв човек на клиниката Виктор Камнар утрово поднел оставка. За 24 инфо вели дека тоа го направил од приватни причини. Останува на клиниката за ортопедија, а на негово место се очекува друг колега наскоро. Камнар на клиниката за ортопедија на чело е три години. За ова време ги реновираше хируршките сали и ја унапреди ортопедијата во повеќе насоки.