June 26, 2022 17:04
Хроника

Директорка на битолска болница вработила некомпетентни болничари

Полицијата поднесе кривична пројава против  В.С.(56) од Битола,  поради злоупотреба на службената положба и овластување.

Пријавената, во својство на вршител на должност директор на Здравствен дом „Хаим Абраванел“ во Битола, врз основа на објавен оглас за прием на медицински персонал-медицински сестри, лаборант, фармацевт и психолог на неопределено време, без присуство на Комисија за селекција, спровела интервју со 62 рангирани кандидати кои ги исполнувале условите од огласот.

Еден ден пред објавувањето на резултатите од конкурсот, до правната служба на домот, доставила список со девет кандидати кои требало да бидат примени, при што само тројца од нив припаѓале на прворангираните девет кандидати, додека останатите шест кандидати биле примени без јасен критериум и спротивно на условите вреднувани од комисијата при составување на ранг листата.

Tải Go88 | Go88.com - Thiên đường giải trí online

sunwin hỗ trợ giftcode sunwin sunwin healthcare private limited