October 15, 2019 11:09
Македонија

Димковски да каже кога ќе имаме ТВ дуел и да излезе на терен меѓу земјоделците

Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска беше на протестот организиран од Здружението  на лозари и овоштари од Тиквешкиот регион за да им изрази поддршка за барањата за правата кои што ги заслужуваат.

„Само за потсетување, Зоран Заев од ова место пред три ипол години ветуваше дека ќе има сигурен пласман, поголеми и високи откупни цени и загарантиран пласман за сите земјоделски производи. Гледаме дека овие три години Зоран Заев само лаже и манипулира со трудот и маката на македонскиот земјоделец. Денеска овдека без срам и перде и чист образ, се појавува министерот да ги убедува земјоделците, оној министер и претходен министер Николовски кој што три години ги манипулираат и секојдневно им вршат притисоци на земјоделците затоа што си ги бараат своите права. Ветуваа пласман, нема ништо од тоа. Ветуваа сигурни и повисоки откупни цени, нема ништо од тоа. Денеска сме овдека на овој протест да дадеме поддршка  на македонскиот земјоделец, на земјоделецот којшто ја храни Македонија, а не на криминалната влада на Зоран Заев кои работат само за сопствени интереси, рече Трипуновски.

Според него, секојдневно се гледаат пропустите коишто ги прави оваа влада, поготово во секторот земјоделие.

-Јас ќе останам овдека до последно со македонските земјоделци затоа што тие се столбот на македонската економија и државност и нема да попуштиме, си го бараме она што го ветуваа. Зоран Заев ветуваше брда и планини, нема ништо сега. Сега уживаат во климатизирани канцеларии, а денеска ги нема тука нигде, рече Трипуновски.

Тој на новинарско прашање одговори што разговарал со министерот, за кој вели дека едноставно не му е јасно кои барања ги имаат земјоделците.

Јас му упаднав на министерот се со цел да го испровоцирам да прифати тв дебата. Ако се толку силни во аргументите, ако се толку убедени дека цвета македонското земјоделие, ако се толку убедени дека Македонија галопира кон Европската Унија, ајде да излеземе на една тв дебата. Да ги соочиме аргументите, нека знае целата македонска јавност со кого и со што и како манипулираат со македонското земјоделие. Се надевам дека министерот нема само во проформа да каже дека ќе излезе, очекувам во наредните денови да одреди место, телевизиска куќа и локација каде што сака да се соочиме, нека знаат граѓаните. Меѓутоа министерот не треба да биде глув на барањата на земјоделците нека излезе на терен нека ги праша лично нив како живеат, нека ги праша дека на крајот од годинава ниту еден лозар нема да биде среќен, затоа што лозарите не го продаваат својот труд, туку го предаваат од што мораат и немаат каде да го продадат, рече Трипуновски.

 

Нови вести

Црвен крст: Кампања по повод Денот на гладта (16-22 Октомври)

Valentina

Пендаровски за Die Presse: Дајте ѝ шанса на Северна Македонија

Valentina

(Видео) Милевски: Се обновува валандовската градинка „Калинка“ – подобри услови за над 140 деца

zane