October 26, 2021 19:52
Македонија

Димитров претседаваше со 6-от состанок на Секторскиот мониторинг комитет за транспорт, животна средина и климатска акција

Состојбата во исполнувањето на програмите во конкретни сектори и користењето на ИПА средствата,  беа во фокусот на денешниот шести по ред Мониторинг комитет за секторот транспорт, животна средина и климатска акција, со кој  претседаваше заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров.

Вицепремиерот Димитров, како што соопштија од Секретаријатот за европски прашања, посочил дека предизвиците и научените лекции од програмирањето на ИПА II се вградени во подготовката за ИПА III, каде зрелоста на проектите беше основен критериум.

Тој нагласил дека и покрај подобрувањето на капацитетите на ИПА структурите одговорни за управување со проектите во овие области, во претстојниот период ќе мора значително да се зголеми динамиката и ефикасноста во контрактирањето и имплементацијата.

– Животната средина и климатската акција, како и областа транспорт добиваат сè поголема важност во контекст на европската интеграција како точки на соработка и стратешко партнерство на ЕУ со регионот. Инвестициската и реформската агенда се потпираат на овие области, проектите кои се реализираат директно влијаат врз националниот и регионалниот развој. СЕП ќе продолжи да ја координира интерсекторската и меѓуинституционалната соработка за да ја искористиме оваа огромна шанса преку ЕУ фондовите да ги обезбедиме европските стандарди за нашите граѓани, нагласил вицепремиерот Димитров.

На состанокот се обратил и ЕУ амбасадорот Дејвид Гир, како и надлежните министри и претставници на институциите кои се директно вклучени во спроведување на секторските програми, а биле усвоени заклучоци и преземени обврски со цел натамошно спроведување на инвестициските проекти поддржани со ЕУ фондови и техничката помош за усогласување со европските стандарди во областа.

Website https://animefreak.ws: Watch Di Gi Charat Nyo (Dub) animefreak Episode 71 + 072 anime freaks anime

TwistMoe: Samurai X: Reflection anime episode 2 online free at https://twistmoe.net teist moe

Watch anime online for free at AnimeTV online anime tv

Watch Bakugan: Gundalian Invaders Episode 1

Disqus: https://disqus.com/by/animeflixnl/

Exercism: https://exercism.io/profiles/animefreakws